September 5, 2025

Одбележуваме 16 години од трагедијата во Охридското езеро во која животот го загубија 15 бугарски туристи

Одбележуваме 16 години од големата трагедија што се случи во Охридското Езеро, кога на 5 септември 2009 година, кај автокампот „Елешец“, потона туристичкиот брод „Илинден“ и животот го загубија 15 бугарски туристи.

Несреќата се случи околу 10:30 часот, на околу 200–250 метри оддалеченост од брегот, додека бродот со 56 патници пловел од Охрид кон Свети Наум. Како причина за превртувањето се наведуваат механички дефект, претовареност и паника меѓу патниците.

Меѓу жртвите беа осум жители на општина Антон, четворица од Пирдоп и по еден од Златица, Мирково и Рибарица.

Во чест на загинатите, во паркот кај каналот „Студенчишта“ е поставен споменик.

Бродот „Илинден“, изваден на суво кај каналот „Студенчишта“, и денеска останува нем сведок на трагичниот настан што засекогаш ја обележа историјата на Охридското Езеро.







ZOOM

Read Previous

Јаневска: Зголемување на студентскиот оброк може да се реализира следната година