
Во прво одделение во 12-те училишта во Тетово годинава се запишани 930 ученици. Градоначалникот на општина Тетово, Билал Касами, денес ја посети Гимназијата „7 Март“, каде што беше и свечено отворена нова спортска сала.
„Ова е најдобриот начин за започнување на новата учебна година во оваа гимназија, бидејќи од денес салата ќе биде ставена во функција на учениците.“, рече Биљал Касами.
Во Гимназијата „7 Март“ во Тетово, во прва година се запишани само 34 ученици, вели директорот на училиштето.
„Во третиот уписен рок се гледа поголем интерес во споредба со претходните рокови. Земено предвид дека критериумот е 60 поени, бројот не е голем – стигнавме до 34 ученици. Се надеваме дека ќе ни се одобри барањето до Министерството да се примаат и ученици со над 50 поени.“, , изјави директорот на гимназијата „7-ми март“.
Иако бројот на ученици во училишта во градот Тетово не покажува намалување, ситуацијата во селата од планинскиот регион е сосема поинаква. Поради иселувањето, во училиштето во селото Бозовце годинава нема ниту еден првоодделенец, а училиштето во Вешала е затворено.
„Оваа година, 930 ученици во градот Тетово започнаа со прво одделение. За жал, училиштето во Бозовце останува затворено поради недостиг на ученици.“, вели репортерот на ТВ21, Сенат Зилбехари.
Во селото Бозовце, од некогашни 160 домаќинства, денес само 19 се уште се населени. Поголемиот дел од жителите се преселиле во град или заминале во странство.
„Моментално има 19 населени куќи, но за време на одморите доаѓаат и некои од иселените. Порано имаше над 160 куќи и околу 1.400 жители. Полека, луѓето се иселија поради условите, и денес образованието тука е на нула.“, рече Земри Весели, жител на Бозофце.
Од општината информираат дека учениците се снабдени со учебници, но и оваа година недостигот од книги во средните стручни училишта останува проблем.
TV21