August 19, 2025

Пожарот кај Јасен е ставен под контрола

Дождот којшто вчера попладне заврна во делови од државата, меѓу другото ни помогна во гаснењето на пожарот во ловиштето Јасен, извести директорот на ДЗС, Стојанче Ангелов.

„Иако за жал во текот на ноќта детектиравме пламени јазици на еден крај од ловиштето и не можам да кажам дека овој пожар е изгаснат, туку дека е ставен под целосна контрола. Рано утрово 30-тина припадници на армиските специјалци волци и ренџери се упатија кон местото кадешто има активно горење, притоа се спуштаат по исклучително стрмен и непристапен терен за да го зададат завршниот удар на овој исклучително тежок за гаснење пожар“, изјави Ангелов.

Сезоната на пожари не е завршена, а тој апелираше до сите граѓани да бидат исклучително внимателни и да го пријавуваат секое сомнително поведение на граѓани за кои се сомневаат дека можеби подметнуваат или несакајќи ќе предизвикаат пожар.





ZOOM

Read Previous

Торба со марихуана пронајдена во автобус во затворот Идризово

Read Next

Авион со 273 патници принудно слета со запален мотор на грчкиот остров Крф