
Хрватска објави дека започнала тест-летови на вооружените беспилотни летала (дронови) „Бајрактар“ ТБ2 што ги купи од Турција.
Хрватскиот министер за одбрана, Иван Анушиќ, сподели објава на платформата за социјални медиуми X, истакнувајќи дека припадниците на Хрватските вооружени сили успешно ја завршиле обуката во тренинг-центарот на „Бајкар“.
По обуката, Анушиќ објави дека во Хрватска започнале пробни летови со вооружените беспилотни летала „Бајрактар ТБ2“ и посочи дека активностите за тестирање ќе продолжат и дење и ноќе во наредните денови.
Анушиќ нагласи дека покрај супериорните карактеристики што ги поседуваат, вооружените беспилотни летала „Бајрактар ТБ2“ ќе дадат значаен придонес и во областа на безбедност на границите, извидувањето и надзорот, како и во гаснењето шумски пожари.
Во 2024 година Хрватска потпиша договор со турскиот произведувач „Бајкар“, кој го опфаќа извозот на борбени дронови „Бајрактар ТБ“.