August 9, 2025

Отстранета бомба од Втората светска војна од градилиште во Белград

Авионска бомба со повеќе од 200 килограми експлозив беше безбедно отстранета од градилиште во Белград-на-вода, и моментално се транспортира до Делиблатско песочиште каде што ќе биде уништена, објави министерот за внатрешни работи на Србија, Ивица Дачиќ.

Операцијата за отстранување на бомбата од британско производство, остаток од сојузничкото бомбардирање во Втората светска војна, започна утрово, по 7:00 часот, а планирано е да биде уништена после 9:00 часот.

Бомбата беше пронајдена за време на градежни работи во Белград-на-вода на длабочина од околу 2,5 метри. 

Дачиќ изјави дека во таа акција учествуваат околу 100 припадници на Министерството за внатрешни работи и пожарникари.

Лани во близина на српскиот Парламент беше пронајдена граната од Првата светска војна, испукана од австриската армија, додека претходно од Ниш е отстранета бомба на НАТО тешка околу еден тон.







Vecer

Read Previous

Именувани четири нови директори на дел од скопските клиники

Read Next

Африм Гаши ги распиша локалните избори