
Од 4 август онколошките пациенти ќе можат да ја подигаат таблетарната терапија („анастрозол“ и „летрозол“) во аптеките, соопштија од Фондот за здравствено осигурување (ФЗО).
„Денеска ќе биде објавен шифрарникот со важност од 4 август, од кога пациентите ќе можат на рецепт да подигаат терапија од аптека. Тоа значи дека пациентите прво треба да земат извештај од онколог, па потоа на матичен лекар да земат рецепт, а од таму во аптека да ги подигнат лековите. Партиципацијата за оваа услуга ќе биде околу 50 денари“,
соопшти Сашо Клековски, директорот на ФЗО.
Директорот на Клиниката за радиотерапија и онкологија Игор Стојковски најави дека во текот на идната недела ќе ги извести онколошките пациенти каде и кога ќе можат да ја примаат хормонската инјекција „ресилиго“.
Liberatas