July 30, 2025

Граѓаните кои поседуваат легално оружје од сега ќе можат да набавуваат муниција директно во овластените правни субјекти

Министерството за внатрешни работи реализираше уште една суштинска промена во насока на поедноставување на административните постапки и зголемување на ефикасноста во системот за легално поседување оружје.

Согласно измените на Законот за оружје, стапи во сила новиот систем за набавка на муниција. Со него, граѓаните кои поседуваат оружје ќе можат да ја набавуваат потребната муниција директно во овластените правни субјекти. Повеќе не е потребно претходно одобрение за набавка на муниција.

„Истовремено, преку централен електронски систем, Министерството за внатрешни работи ќе врши континуирана контрола и увид во количините што се набавуваат, во согласност со законски утврдените ограничувања. Со оваа промена, системот станува побрз, пофункционален и посовремен, без да се намали степенот на безбедносен надзор. Ова е уште една потврда дека се движиме во вистинска насока, со конкретни мерки што носат резултати и реално го подобруваат квалитетот на услугите што МВР ги дава на граѓаните“, истакна министерот за внатрешни работи Панче Тошковски.






TV21

Read Previous

Кривична против директорка во Виница, си ја вработила ќерката во истото училиште иако немала соодветно образование

Read Next

МОН објави јавни повици за кариерен развој на наставниците и стручните соработници