July 29, 2025

Министерството за транспорт ја поништи јавната набавка на 120 електрични еколошки автобуси

Министерството за транспорт ја поништи јавната набавка за избор на понудувач за набавка на 120 електрични еколошки автобуси за јавен превоз и станици за полнење.

Имено на јавниот повик кој беше објавен 17 јуни со краен рок за достување на понудите 24 јули 2025 година, само една компанија достави понуда.

По извршената евалуација, Комисијата надлежна за спроведување на јавната набаака, утврди дека компанијата не ги исполнува критериумите согласно објавениот јавен повик.

Министерството за транспорт во следниот период ќе направи дополнителни анализи околу набавката на електрични еколошки автобуси и ќе ја информира јавноста.   





TV21

Read Previous

Кино сала, театар: Aеродром ќе добие културен центар

Read Next

Ќе се гради споменик на загинатите во несреќата во Нови Сад