July 26, 2025

Активни шест пожари во земјава, три изгаснати

Вкупно 12 пожари има на отворен простор во Македонија, информираат од ЦУК.

6 активни
3 под контрола
3 изгаснати

АКТИВНИ: 6
1. Општина Василево, Радовиш и Берово – с. Нивичино, планина Голем Готен и Малешевските Планини (нискостеблеста шума, смрека, грмушки и ниска вегетација);
2. Општина Прилеп 1 – с. Бешиште, м.в. Бешишки Рид, крак према с. Градешница и друг према граница со Р. Грција (мешана шума);
3. Општина Прилеп 2 – активен крак кон с. Дрен; делот помеѓу Царевиќ и Смолани е под контрола (мешана шума и ниска вегетација);
4. Општина Македонски Брод 2 – меѓу с. Црешево, Локвица и Крапа (деградирана дабова шума, грмушки и ниска вегетација);
5. Општина Штип – меѓу с. Драгоево и Селце (нискостеблеста шума, прнар и сува трева);
6. Општина Желино – меѓу с. Церово и Групчин (нискостеблеста и деградирана шума);

ПОД КОНТРОЛА: 3
1. Општина Македонски Брод – с. Грешница (мешана шума и сува трева);
2. Општина Македонски Брод – с. Латово (ниска вегетација и деградирана шума);
3. Општина Карбинци – с. Јунузлија (шума);

ИЗГАСНАТИ: 3
1. Општина Струмица – м.в. Три Води (ниска вегетација и мешана шума);
2. Општина Зелениково – с. Гумалево (ниска и мешана вегетација);
3. Општина Шуто Оризари – ул. Брсјачка Буна (дива депонија)





TV21

Read Previous

Мицкоски: За 18 месеци 7.000 денари повисоки пензии

Read Next

62 години од разорниот скопски земјотрес: Сведок се сеќава на најцрното утро во историјата на градот