July 26, 2025

Досега 39 земји освоија медали на ЕМОФ 2025

Петтиот ден од 18. летен Европски Младински Олимписки Фестивал (ЕМОФ 2025) организиран во Северна Македонија, се одржаа натпревари во 12 спортски дициплини, известува Анадолу.

Денес се одржаа натпревари на спортските терени во Скопје, Куманово и Осиек. Во досегашните натпреварувања на ЕМОФ 2025 поделени се медали во 7 спортски дициплини, и тоа во кошарка 3×3, кајак, велосипедизам, планински велосипедизам, стрелаштво, пливање и теквондо.

Најуспешна земја на ЕМОФ 2025 е Италија со освоени 16 златни, 16 сребрени и 10 бронзени медали, вкупно 42.

Следат Франција со 11 златни, 10 сребрени и 4 бронзени, вкупно 25 медали и Унгарија со 10 златни, 5 сребрени и 11 бронзени, вкупно 26 медали.

Турција во досегашните натпреварувања освои 8 златни, 6 сребрени и 7 бронзени, вкупно 21 медал.

Најуспешна земја од регионот е Србија со освоено 5 златни, 2 сребрени и 5 бронзени, вкупно 12 медали.

Поделбата на медали по држави на ЕМОФ 2025 изгледа вака:

Земјазлатенсребренбронзенвкупно
Италија16161042
Франција1110425
Унгарија1051126
Обединето Кралство97521
Шпанија8101129
Турција86721
Полска74718
Украина57719
НОК Белорусија54413
Србија52512
Германија511016
Белгија43310
Швајцарија37414
Шведска3429
Азербејџан33410
Молдавија3/36
Литванија3/25
Грција23611
Чешка22711
Романија22610
Словачка1517
Хрватска1348
Словенија1337
Холандија1214
Латвија1214
БиХ1214
Финска12/3
Австрија1135
Бугарија1113
Г.А.Ј. Кипар1/12
Норвешка1//1
Естонија1//1
Грузија/347
Израел/235
Данска/145
Португалија/134
Ирска//55
Косово//11
Ерменија//11

На ЕМОФ 2025 учествуваат повеќе од 4.000 млади спортисти на возраст од 14 до 18 години од 48 европски земји, плус тимот на бегалци под покровителство на Европскиот олимписки комитет (ЕОК) и тимот на Националниот олимписки комитет (НОК) на Белорусија.

Главно место на одигрување на поголемиот број спортски настани, кои вклучуваат 15 спортови, е Скопјe. Натпреварите во некои дисциплини се одржуваат во Куманово, додека во Осиек, Хрватска, се одржуваат спортските натпревари во уметничка гимнастика.

ЕМОФ 2025 ќе трае до 26 јули.

Read Previous

16-годишното девојче додека се капело било одвлечено по течението на реката Вардар

Read Next

Мицкоски: За 18 месеци 7.000 денари повисоки пензии