July 26, 2025

Македонија домаќин на Европската олимпијада за млади


Во студентскиот дом „Гоце Делчев“ се сместени околу 1.200 учесници од 11 држави. Македонија е домаќин на еден од најзначајните младински спортски настани во Европа. ЕМОФ не е само спорт – тоа е платформа што ги поврзува новите генерации со Европа и ја претставува нашата држава во најдобро светло, велат организаторите. Младите уживаат, се дружат и споделуваат искуства.

„Се натпреварувам во атлетика, доаѓам од Хрватска. Скопје ми се допаѓа, иако е жешко. Организацијата е одлична. Се дружиме со млади од цела Европа, што е прекрасно“, вели спортист од Хрватска. 

„Тука е прекрасно, многу ми се допаѓа. Има историја, а планините се фасцинантни – кај нас во Литванија ги нема“, вели спортист од Литванија.

„Убаво е, иако многу топло. Градот е интересен, архитектурата и центарот се прекрасни. Би сакала повеќе свеж воздух“, вели спортист од Словачка.

„Првпат сме дел од EYOF. Организацијата е на ниво. Пред две недели бевме на Светското првенство, а сега сме тука. Во петок играме полуфинале против Унгарија. Се надеваме на победа. Условите се одлични, персоналот е љубезен. Среќни сме што сме тука“, вели спортист од Турција.

ЕМОФ се одржува секои две години и е наменет за млади спортисти на возраст од 14 до 18 години од цела Европа. Оваа година натпреварите се одвиваат во 15 спортови: атлетика, пливање, кошарка, одбојка, џудо, пинг-понг, велосипедизам и други.

Македонија годинава учествува со рекорден број спортисти во сите дисциплини. Организацијата е резултат на заеднички напори меѓу Европскиот олимписки комитет и Олимпискиот комитет на Македонија и Градот Скопје, кој обезбеди логистичка и инфраструктурна поддршка.

Но, дали промоцијата и организацијата се на ниво. Во изминатите неколку денови имаше поплаки од учеснците, за превозот, сместувачките капацитети и слично, а голем број на скопјани, како и граѓани на Македонија не се запознаени дека нашата држава е голем е домаќин на голем настан. Посебни реклами и билборди низ градот нема, а дека нешто се случува кај нас ќе забележите кога низ градот ќе ги видите младите спортисти со нивните маички со државни обележја.

TV21

Read Previous

Собранието не изгласа резолуцијата со која Израел треба да дозволи влез на хуманитарна помош за цивилите во Газа

Read Next

Активни седум пожари во земјава, деветнаесет изгаснати