July 26, 2025

Собранието не изгласа резолуцијата со која Израел треба да дозволи влез на хуманитарна помош за цивилите во Газа

Мнозинството пратеници не дадоа поддршка за предлог-резолуцијата за хуманитарната ситуација во појасот Газа. 

Поддршка дадоа само 16 пратеници, меѓу нив и 6 пратеници на Левица.

Со резолуцијата беше предвидено Израел да дозволи влез на хуманитарната помош.

Левица остро ја критикуваше одлуката на Законодавниот дом.

„Од народ кој во Втората светска војна извијува победа против фашистичкото зло и се позиционира на правилната страна на историјата, денес со партии со неоколонијален и вазален менталитет молчиме, додека деца умираат од глад”, реагираше пратеничката на Левица Јована Мојсоска. 

Со оваа резолуција се бараше од Израел да овозможи без одлагање влез на хуманитарна помош и тоа храна, медицински средства и логистичка поддршка за цивилното население во појасот Газа, во согласност со меѓународното право, како и со одлуките на релевантните меѓународни тела и организации и се упатуваше повик кон Обединетите нации, Европската унија, Исламската Конференција, како и сите други меѓународни организации да засилат дипломатски и хуманитарен притисок врз Израел за прекин на хуманитарната блокада и за подобрување на условите за цивилите.

Резилуцијата беше предложена од пратениците Скендер Реџепи, Арбана Пашоли, Рина Ајдари, Муса Џафери, Дијана Тоска, Илире Даути и Сали Мурати.

Skopje1

Read Previous

Од недела дожд и пад на температурите

Read Next

Македонија домаќин на Европската олимпијада за млади