
Центарот за управување со кризи информира за состојбата со пожарите во Македонија.
Според нив, евидентирани вкупно 12 пожари на отворен простор, од кои:
- 7 се активни
- 3 се под контрола
- 2 се изгаснати
- АКТИВНИ (7):
1. Општина Василево, Радовиш и Берово – с. Нивичино, на планината Голем Готен и Малешевските Планини (нискостеблеста шума, смрека, грмушки и ниска вегетација)
2. Општина Прилеп – с. Бешиште, место викано Бешишки Рид, крак кон с. Градешница (мешана шума)
3. Општина Желино – помеѓу селата Церово и Групчин (нискостеблеста и деградирана шума)
4. Општина Македонски Брод 1 – помеѓу с. Локвица и с. Крапа (деградирана дабова шума, грмушки и ниска вегетација)
5. Општина Македонски Брод 2 – с. Грешница (мешана шума и сува трева)
6. Општина Македонски Брод 3 – с. Латово (мешана шума)
7. Општина Македонски Брод 4 – с. Црешнево (ниска вегетација)
ПОД КОНТРОЛА (3):
1. Општина Прилеп – помеѓу селата Царевиќ и Смолани, место викано Радобилски рид (мешана шума и нискостеблеста вегетација)
2. Општина Македонски Брод – с. Латово, место викано Маркова Стапалка (грмушки и сува трева)
3. Општина Штип – с. Драгоево и с. Селце (нискостеблеста шума, прнар и сува трева)
ИЗГАСНАТИ (2):
1. Општина Чучер Сандево – кај далеководите (мешана шума)
2. Општина Куманово – с. Речица (ниска вегетација)