July 19, 2025

Акциска контрола на угостителски објекти на подрачјето на ПС Тетово

Вчеравечер (18/19.07.) во периодот од 22.30 до 00.30 часот полициски службеници од СВР Тетово во содејство со претставници од Државна пазарна инспекција, од Управата за јавни приходи, како и од Трудова инспекција, извршија акциска контрола по разни основи во доменот на институционалната надлежност во повеќе угостителски објекти на подрачјето на Полициска станица Тетово. 

При акциската контрола од аспект на работата на полициските службеници во еден угостителски објект на улица „Димо Гавровски Кара“ во Тетово од слобода бил лишен А.О.(28) од Тетово, кај кого при преглед била пронајдена и одземена марихуана.

Исто така, поради непријавен престој во РСМ бил приведен и странски државјанин Г.И.(30) од Р.Албанија.

Двајцата се задржани во полициска станица за понатамошна постапка, и по целосно документирање на случаите ќе следат соодветни поднесоци.






TV21

Read Previous

Сараево станува суперпопуларна авиодестинација

Read Next

Доделени 54 милиони денари за научно истражувачки проекти на јавните научни и високообразовни установи