
Нискобуџетниот авиогигант „Рајанер“ објави импресивни бројки од пазарот во Сараево – дури 300 илјади патници беа превезени во изминатата година, што го потврдува брзиот раст на интересот за Сараево како авиодестинација и значаен придонес во локалната економија.
– Како водечка европска авиокомпанија, „Рајанер“ со задоволство ја прославува пресвртницата од 300 илјади патници превезени до/од Сараево, со нашиот рекорден летен распоред, кој нуди над 55 неделни лета на 11 маршрути, вклучувајќи пет нови маршрути до Баден, Барселона и Џирона, Дизелдорф и Вице, Стокхолм и Арланда и Париз и Бове. За да им овозможиме на нашите патници и посетители на Сараево да го резервираат својот летен одмор по најниски цени, започнуваме продажба на билети со цени почнувајќи од 21,99 евро, кои мора да се резервираат до 18 јули – изјави Дирдре Меклин, директорка за маркетинг и меѓународни комуникации на авиокомпанијата.
„Рајанер“ истакнува дека континуирано ја проширува својата мрежа на дестинации и ја зголемува фреквенцијата на летови, со цел да понуди прифатливи, директни опции за патување за патниците во Босна и Херцеговина. Овие податоци дополнително го потврдуваат трендот на раст на воздушниот туризам и важноста на нискобуџетните компании за регионалната поврзаност.
NovaMakedonija