July 18, 2025

Скопјанка измамена за 1.300.000 денари, и се јавил „лекар“ од Градска болница

На 17.07.2025 во 17.45 часот во СВР Скопје, 68-годишна жена од Скопје пријави дека околу 15.30 часот била измамена од едно машко лице за сума од околу 1.300.000 денари.

Според пријавеното, лицето ѝ се јавило телефонски, се претставило како лекар, вработен во Градска болница и ѝ кажало дека нејзината ќерка се здобила со повреди и требало да прави операција, а за тоа требало да се плати.

Како што е пријавено, таа парите ги оставила на договореното место, а подоцна сфатила дека била измамена.

Се преземаат мерки за расчистување на случајот. 






ТV21

Read Previous

Стотици Грци синоќе се собраа на пристаништето Пиреј за да блокираат испорака на воена опрема на Израел

Read Next

 МВР формира нова Единица за сајбер безбедност