July 8, 2025

Подготвена за отворање најголемата градинка во државата „Бамби“ во Чаир

Градоначалникот на Општина Чаир, Висар Ганиу, денеска го реализираше финалниот инспекциски надзор на новоизградениот објект на детската градинка „Бамби“, која претставува составен дел на детската установа „Фидани“ и ја претставува градинката со најголем капацитет на територијата на цела држава, информираат од Општината.

„Објектот е целосно опремен со современ инвентар и модерен ентериер, во целосна согласност со највисоките стандарди за предучилишни установи. Со капацитет од 350 деца и 22 функционални занимални, овој нов институционален објект обезбедува оптимални услови за ран детски развој, безбедност и благосостојба“, се наведува во соопштението.

Од Општината најавија дека по завршувањето на градежните активности и внатрешното уредување, во наредните денови се очекува да се организира и свеченото отворање на објектот, додека паралелно ќе се финализираат и последните естетски детали кои ќе ја збогатат надворешната и внатрешната визура на градинката.

MakFax

Read Previous

Во Србија за 24 часа активни биле 165 пожари, во Крагуевац прогласена вонредна состојба