June 24, 2025

Земјотрес утрово во Македонија со јачина од 4,5 степени

Телеметриската сеизмолошка мрежа на Република Северна Македонија,
на сеизмолошките станици инсталирани ширум нашата територија,
одржувани од Сеизмолошката опсерваторија при Природно-математичкиот
факултет во Скопје, утринава во 5 часот и 04 минути регистрира земјотрес
чии епицентар потекнува од Република Албанија, на околу 158 км
југозападно од Скопје, со Рихтерова локална магнитуда, M L 4.5.

Според досегашните податоци со кои располага опсерваторијата,
земјотресот е почувствуван во југозападните делови на Републиката со
интензитет од III степени според Европската макросеизмичка скала.








TV21

Read Previous

Цените на горивата и понатаму растат, ново поскапување од полноќ

Read Next

За една година двојно зголемен бројот на пријавени убиства во Македонија