June 23, 2025

Период на топло време – температури до 40 степени од среда до петок

Под влијание на многу топла воздушна маса од југ следува период на топло време со пораст на температурите, велат од УХМР.

Особено топло се очекува од среда до петок кога дневната температура насекаде ќе биде над 30°C, а наместа ќе достигне до 40°C.

Во петок попладне и во вечерните часови ќе има локална нестабилност со пороен дожд и грмежи, а пад на температурата за неколку степени се очекува за време на викендот кога ќе дува умерен до засилен северен ветер.






TV21

Read Previous

Шумски пожари на грчките острови Хиос и Евија

Read Next

Со предложените законски измени се укинува Агенцијата за промоција на туризмот