
За една година Владата исплати над 9 милијарди денари заостанати и тековни субвенции за сите категории на земјоделци, велат од Влада.
„Над 9 милијарди денари одат директно во џебовите на земјоделците.
Наша обврска како Влада е субвенциите да се исплаќаат навремено и неселективно. А не како претходно кога земјоделците беа целосно заборавени, понижени и поделени.
Со ова директно ги помагаме земјоделците и поттикнуваме раст на земјоделското производство, сѐ со цел да се подготват за следната година, а не како претходно кога поради неисплатени субвенции и доцнење имавме пад на земјоделското производство.
Македонија се трансформира. Една година Влада значи одговорно и посветено работење во интерес на земјоделците.
Го вреднуваме трудот на македонските земјоделци.
Земјоделството е еден од најважните столбови за економски напредок и развој на Македонија.
Се обврзавме пред земјоделците и ги градиме темелите на промените.
Доаѓа времето на Македонија!“ – велат во соопштение од Влада.
TV21