June 19, 2025

Влада: 50-тина училишта ќе добијат фотоволтаични системи

Владата континуирано работи на зголемување на енергетската ефикасност и искористувањето на обновливи извори на енергија. За таа цел на 50тина училишта ширум Македонија ќе се постават фотоволтаични системи во текот на летниот период.

„Министерството за образование и наука склучи договор за неповратен грант од 1,1 милион евра со Банка за развој при Совет на Европа, за инвестирање во обновливо извори за енергија.

Со оваа инвестиција ќе се заштедат големи буџетски средства, а тие пари потоа ќе можат да се реинвестираат во инфраструктурни проекти, учебници и дигитални помагала за учениците.

Преку инвестирање во обновливите извори на енергија ќе ги намалиме финансиските трошоци, но и ќе придонесеме за намалување на загаденоста на животната средина.

Владата има визија, план и цел за подобрување на образовниот процес.

Преку квалитетно реформирано образование и преку реализација на проекти ќе го подобриме образовниот систем.

Државата е на патот на промените“, велат од Влада во соопштение.







TV21

Read Previous

Собранието изгласа Одлука за прераспределба на средства помеѓу буџетските корисници

Read Next

Српската војска вежба со војските на НАТО