June 17, 2025

Туристичките агенции и туроператорите имаат 20% зголемување на работата во првиот квартал од годинава

Прометот од продажбата на услугите е намален за 4.8 проценти во првото тримесечје од 2025 година во однос на истото тримесечје од претходната година, објави Државниот завод за статистика.

Во првото тримесечје од 2025 година, во однос на истото тримесечје од 2024 година, најголемо зголемување на прометот во услугите од 20.1 процент има во одделот Туристички агенции, организатори на патувања (туроператори) и останати резервациски услуги, како и дејности поврзани со нив.

Според податоците на ДЗС, во првиот квартал годинава во однос на истиот квартал лани најголем пораст од 11.4 проценти во прометот на услугите има во секторот Административни и помошни услужни дејности.






Skopjeinfo

Read Previous

Обезбедени 50 милиони денари за 1.570 стипендии во дуално образование од септември

Read Next

ЕК ја казни Грција со речиси 400 милиони евра поради злоупотреба на земјоделски субвенции