June 14, 2025

Откажани летовите за во повеќето земји од Блискиот Исток

Летовите низ Блискиот Исток се откажани или одложени, а патниците во Ирак, Јордан, Либан, Иран и Дубаи се соочуваат со прекини. Авиокомпаниите денеска ги откажуваат и летовите до и од Израел поради ескалацијата на тензиите на Блискиот Исток по нападите на Израел врз Иран.

Израелската авиокомпанија „Ел Ал“ ги откажа сите свои закажани летови до и од Израел за денес и утре поради безбедносни проблеми и можни ирански контранапади, објави ДПА. „Ел Ал“ соопшти дека ќе им дозволи на патниците со билети за заминувања до 28 јуни да ги откажат и да ги конвертираат во ваучери за патување. Новите резервации за летови закажани до 22 јуни се суспендирани додека не се разјасни ситуацијата.

Летовите што веќе се насочени кон Израел беа пренасочени кон алтернативни аеродроми и сите закажани заминувања беа откажани до понатамошно известување. Аеродромот Бен Гурион во близина на Тел Авив, исто така, на својата веб-страница соопшти дека ги суспендирал сите дојдовни и појдовни летови до понатамошно известување.

Аеродромот Абу Даби во Обединетите Арапски Емирати предупреди на можни прекини, повикувајќи ги патниците да ги контактираат своите авиокомпании. „Етихад Ервејс“ соопшти дека два лета помеѓу Абу Даби и Тел Авив се откажани, а четири други се одложени.





Skopjeinfo

Read Previous

Министерството за надворешни работи на Северна Македонија ги повикува граѓаните да не патуваат во Иран и Израел

Read Next

Утре започнува уписот во средно образование во учебната 2025-2026 година