
Министерот за одбрана, Владо Мисајловски кои претстојува во работна посета на Брисел, односно на состанокот на министри за одбрана на НАТО, преку социјалните мрежи сподели дека денеска имал свое обраќање на состанокот на Северноатлантскиот совет на НАТО, каде ги пренел сегашните и идните приоритети на Македонија во рамки на Алијансата за актуелните безбедносни прашања.
„Остануваме силен и доверлив сојузник посветен на вложување во одбраната и модернизација, истовремено ја зајакнуваме интероперативноста со сојузниците и партнерите и градиме отпорност и одвраќање од современите закани со една цел колективна безбедност – сигурни граѓани. Глобалната безбедносна рамнотежа се менува, а тоа значи дека како НАТО членка мораме да бидеме подготвени да дејствуваме проактивно, со зајакната координација и одлучност, истакна во својата објава министерот Мисајловски.
Skopjeinfo