
На 54-та седница, закажана за понеделник во 11 часот, Собранието на Северна Македонија ќе расправа за новите предлози на Владата за министерски и заменик-министерски позиции.
Владата предлага Азир Алиу да ја преземе функцијата министер за здравство, додека Албрим Хоџа е предложен за заменик-министер за земјоделство, шумарство и водостопанство.
Азир Алиу, поранешен министер за информатичко општество и администрација, доаѓа од редовите на Алијансата за Албанците, партија која останува дел од коалицијата „ВРЕДИ“. Овој кадровски предлог следи по оставката на Арбен Таравари на 15 мај и неговото заминување во опозиција.
Собранието ќе треба да се изјасни дали ги прифаќа овие кадровски решенија, со што ќе се пополнат празните позиции во извршната власт.
TV21