June 6, 2025

Мисајловски на состанок на министри за одбрана на НАТО во Брисел

Во пресрет на претстојниот Самит на лидери на НАТО закажан за 24 и 25 јуни, министерот за одбрана Владо Мисајловски денес и утре престојува во Брисел каде ќе учествува на состанокот на министри за одбрана на земјите членки на НАТО.

Утрешниот министерски состанок е продолжение на подготовките за Самитот на НАТО и на истиот е предвидено да се разговара за новите Цели на способност во насока на зајакнување на одвраќањето и одбраната, зголемување на инвестициите наменети за одбрана, поддршката за Украина и нуклеарно одвраќање.

Попладнево министерот Мисајловски ќе учествува на 28от состанок на Контакт групата за Украина, кој се одржува во организација на секретарот за одбрана на Обединетото Кралство, Џон Хејли и министерот за одбрана на Сојузна Република Германија, Борис Писториус.





Skopjeinfo

Read Previous

Хрватска воведува нови правила за сезонските работници од странство

Read Next

Во понеделник пратениците ќе избираат нов министер за здравство и заменик во земјоделство