June 4, 2025

Владата поднесе Предлог-закон со кој ќе се укинат царините за стоките од САД

Владата преку министерството за финансии до Собранието поднела Предлог-закон за измени и дополнувања на Законот за царинска тарифа, со кој се предлага укинување на царините кон САД.

Владата и министерството очекуваат реципрочен однос, односно намалување на покачените царини за производи увезувани од Македонија.

„Предложивме целосна либерализација на увозот на стоки со потекло од САД, односно укинување на стапките за стоките кои доаѓаат од САД во нашата земја. На ваков начин ќе придонесеме за зголемување на конкуренцијата на нашиот пазар. САД е стратешки партнер на нашата земја, и соработката со нив е значајна од секаков аспект“, рече министерката за финансии Гордана Димитриеска-Кочоска.

Владата нa последната седница усвои Предлог-закон за измени и дополнувања на Законот за Царинска тарифа со кои се врши и намалување на царинската стапка кај 67 стоки кои се користат во домашната индустрија.





TV21

Read Previous

21.178 сообраќајни прекршоци во текот на месец мај

Read Next

Турскиот амбасадор Улусој на средба со градоначалникот Ѓорѓиевски