June 4, 2025

Турскиот амбасадор Улусој на средба со градоначалникот Ѓорѓиевски

Ѓорѓиевски по средбата со турскиот амбасадор Улусој:

Во просториите на Општина Кисела Вода, денес се одржа средба меѓу градоначалникот и претседател на ЗЕЛС, Орце Ѓорѓиевски и амбасадорот на Република Турција во земјава, Н.Е. Фатих Улусој. На средбата присуствуваше и пратеничката Иванка Василевска.

Градоначалникот Ѓорѓиевски и амбасадорот Улусој се запознаа и разговараа за можностите за соработка како на локално ниво, во рамки на Општина Кисела Вода, така и на пошироко ниво преку Заедницата на единици на локална самоуправа – ЗЕЛС.

„Со амбасадорот Улусој ја отворивме можноста за продлабочување на односите преку конкретна соработка на локално ниво. Општините се директен мост меѓу граѓаните и државната дипломатија, а ваквите средби се одлична можност да се иницираат проекти што ќе донесат конкретни придобивки за заедниците. Како претседател на ЗЕЛС, ја гледам оваа комуникација како потенцијал за партнерства кои ќе бидат од корист за сите граѓани“, изјави градоначалникот Орце Ѓорѓиевски.





Skopjeinfo

Read Previous

Владата поднесе Предлог-закон со кој ќе се укинат царините за стоките од САД

Read Next

Армијата подготвена да дејствува рамо до рамо со сојузниците – Ден за високи гости на воената вежба „Брз одговор 2025“