
Македонија следната недела ја очекува вистински летен бран, со постојан пораст на температурите.
Според прогнозата на Управата за хидрометеоролошки работи, времето во понеделник ќе биде сончево и топло со мала до умерена локална облачност. Максималната температура ќе достигне 33°C.
Во вторник се очекува благ пораст до 34 степени целзиусови.
Среда ќе донесе уште потопло време, кога температурите ќе достигнат до 35°C, а во четврток и петок живата на термометарот ќе се искачи и до 36-от степен.
Најтопло, според досегашните прогнози, ќе биде во сабота, кога максимумот треба да достигне 37°C.
Од УХМР информираат дека кон крајот на седмицата ќе има услови за локална појава на нестабилност со пороен дожд и грмежи.
ZOOM