
Додека стопанството постојано се жали дека е во криза, за македонските банки нема криза. Ако 2024 година ја завршија со рекордна добивка од речиси 283 милиони евра, одлично им оди и во првите три и месеци од годинава. Заработиле речиси 72,6 милиони евра.
Добивка на домашните банки по одоначување
- 2024 Година – 283 Милиони евра
- Од јануари до март 2025 – 72,6 Милиони евра
- Од јануари до март 2024 – 71 Милиони евра
Податоците на Народната банка покажуваат дека само за три месеци од годинава банките наплатиле од граѓаните и бизнисот над 146 милиони евра само од камати. Само домаќинствата пак за камати платиле над 58 милиони евра во домашните банки. Бројките покажуваат дека нето-приходот од камати за банките бил речиси 113 милиони евра.
Приходи од камати прв квартал 2025
- Приходи од камати – 146 Милиони евра
- Приходи од домаќинства – 58 Милиони евра
- Нето приход од камати – 113 Милиони евра
За надоместоци и разни банкарски провизии пак граѓаните и бизнисот оставиле 44 милиони евра во домашните банки. Нето приходот од провизии за банките, во првиот квартал годинава бил над 27 милиони евра.
Приходи од надоместоци и провизии прв квартал 2025
- Приходи од надоместоци и провизии – 44,4 Милиони евра
- Нето приходи од надоместоци и провизии – 27,2 Милиони евра
Математиката покажува дека само за камати и провизии граѓаните и компаниите платиле над 190 милиони евра.
Вкупно од провизии и камати прв квартал 2025
Камати + Надоместоци и Провизии = 190,6 Милиони евра
Но во кои банки завршил најголемиот профит?! Податоците на Народната банка покажуваат дека речиси цел колач завршил кај петте големи банки во земјава. Или од 72,6 милиони евра профит, кај нив завршиле 66,4 милиони евра. Остатокот го делеле трите средни и петте мали банки во земјава.
Финансиските извештаи на банките покажуваат дека најголема добивка за првите три месеци од годинава имаат три од најголемите банки, и тоа Комерцијална, НЛБ банка и Стопанска банка- Скопје. Комерцијална има најголем профит од над 19 милиони евра, потоа е Стопанска банка Скопје со 14 милиони евра, а добивката на НЛБ Банка 11 милиони евра.
TV21