May 31, 2025

Бугарскиот парламент усвои новa резолуција во врска со членството на Македонија во ЕУ

Парламентот на Бугарија денеска усвои резолуција во врска со напредокот на Македонија кон Евроспката унија. Резолуцијата беше едногласно поддржана со 194 гласови „за“.

Во резолуцијата поднесена од Тошко Јорданов од Има таков народ и група пратеници, се наведува дека Бугарија останува целосно посветена на консензусот од 2022 година, повикувајќи ги властите во нашата земја да ги спроведуваат прифатените договори.

Во документот се нагласува дека неприфатливи се било какви обиди за повторно преговарање, заобиколување или игнорирање на елементи од постигнатите договори.

Во него се истакнува дека европскиот консензус е договор меѓу земјата кандидат за членство во ЕУ, од една страна и Унијата како целина, од друга страна и затоа не претставува билатерално прашање. Меѓудругото, се истакнува дека европскиот консензус се заснова на Заклучоците на Советот на ЕУ од јули 2022 година, преговарачката рамка на Република Северна Македонија и заедничките протоколи меѓу Бугарија и Република Северна Македонија за спроведување на Договорот за пријателство, добрососедство и соработка, потпишан на 1 август 2017 година.

Националното Собранит ги повика институциите на ЕУ да продолжат со напори за гарантирање на првата на Бугарите во Македонија.






TV21

Read Previous

Строги казни во Грција за сообраќајни прекршоци

Read Next

Македонското и косовското обвинителство ја унапредуваат соработката во борбата против организираниот криминал