
Владата во оперативниот план за 2025 година, предвидува вработување на 400 пожарникари.
Од Владата соопштуваат дека оваа мерка е со цел да се спречат пожарите кои се очекуваат во престојниот летен период.
„Пожарникарите даваат натчовечки напори за борба со огнената стихија, ризикувајќи ги сопствените животи за да спасат други човечки животи, животната средина и други материјални добра. И токму затоа сè со цел превенција од шумските пожари овие 400 лица ќе се вработат во општините каде што има најмногу потреба“, се наведува во соопштението.
TV21