May 31, 2025

Над 15.000 матуранти утре ќе полагаат мајчин јазик и литература

Над 15.000 матуранти утре ќе го полагаат мајчин јазик и литература, задолжителен дел во рамки на првиот екстерен испит.

За државна матура годинава се пријавени 15.004 кандидати, од кои 8.816 ученици се од средните стручни училишта, 5.966 од гимназиите и 222 од училиштата за уметничко образование.

Вториот екстерен испит од државната матура, кој е изборен (математика, англиски јазик, француски јазик, германски јазик, руски јазик, италијански јазик, филозофија, естетика), ќе се полага на 11 јуни.

Матурантите кои во јуни нема да ја положат државната матура или не во целост, ќе имаат втора шанса. На 12 август е испитот по мајчин јазик, а два дена подоцна е полагањето на изборниот екстерен испит.




ZOOM

Read Previous

Порта Македонија ќе може да се користи за граѓански венчавки

Read Next

Призрен, џеваирот на Балканот, привлекува туристи со вековната историја