May 22, 2025

Во Сараево свечено отворена Амбасадата на Албанија

Во Сараево денес официјално е отворена Амбасадата на Република Албанија, со што дополнително се зајакнуваат дипломатските односи меѓу Албанија и Босна и Херцеговина.

Амбасадата беше отворена со свечена церемонија на сечење лента од министерот за европски и надворешни работи на Албанија, Игли Хасани, и министерот за одбрана на Босна и Херцеговина (БиХ), Зукан Хелез. На церемонијата присуствуваа, меѓу другите, шефот на делегацијата на Европската Унија и специјален претставник на ЕУ во БиХ, Луиџи Сорека, како и голем број други високи официјални претставници и гости од политичкиот, дипломатскиот и јавниот живот.

Министерот Хасани престојува во официјална посета на БиХ, во чии рамки оствари билатерална средба со шефот на дипломатијата на БиХ, Елмедин Конаковиќ, како и состанок на делегации од двете министерства.

Во текот на денот Хасани се сретна и со членовите на Заедничкиот колегиум на двата дома на Парламентарното собрание на БиХ, каде што разговараа за унапредување на меѓусебната соработка на парламентарно ниво.

Отворањето на амбасадата во Сараево симболично ги потврдува сè поблиските врски меѓу двете земји.






AA

Read Previous

Сиљановска-Давкова прими делегација на хрватскиот Уставен суд

Read Next

Над 2000 сообраќајни санкции за три дена