July 1, 2025

По победата Рама вети членство во ЕУ до 2030

Премиерот на Албанија, Еди Рама, им се заблагодари на стотиците илјади гласачи кои ја поддржаа неговата Социјалистичка партија на парламентарните избори, велејќи дека е убеден оти земјата може да стане членка на ЕУ до 2030 година.

На прославата на плоштадот Скендербег во Тирана, пред илјадници поддржувачи, Рама изјави дека „Албанија е на вистинскиот пат“ и повика на заеднички напор за остварување на европската интеграција. Со 83 освоени места во парламентот од вкупно 140, социјалистите во Албанија ќе владеат самостојно.





24Vesti

Read Previous

МВР со апел за безбедни матурски прослави

Read Next

Во периодот 2020 – 2023 година во Македонија во сообраќајни незгоди загинале 457 лица