мај 14, 2025

Следуваат обилни врнежи од дожд, засилен ветер и заладување

Под влијание на влажен бран, утре кон крајот на денот, во текот на ноќта кон петок и во петок најпрвин во западните, а потоа и во останатите делови, ќе има обилни врнежи од дожд (над 30л/м2). На повисоките планини  ќе има услови за повремен снег. Утре ќе дува умерен до засилен југоисточен, а во петок северен ветер (над 60км/ч), особено вдолж Повардарието. Дневните температури значително ќе опаднат. Во деновите од викендот и во понеделник ќе има услови за слаб локален дожд, а.дневните температури повторно ќе бидат во пораст.

Во Скопје, во текот на ноќта кон петок и во петок ќе има пообилни врнежи од дожд. Утре ќе дува умерен до засилен југоисточен, а во петок северен ветер. Во деновите од викендот и во понеделник ќе преовладува променливо облачно и потопло време со сончеви периоди.






ТV21

Read Previous

По модернизација на пругата од Коридорот 10 возовите ќе возат со 160 км/ч

Read Next

Земјотрес со јачина од 6,1 степен го погоди грчкиот остров Крит