
На парламентарните избори одржани на 11 мај во Албанија победи Социјалистичката партија (ПС) предводена од актуелниот премиер Еди Рама, според неофицијални резултати.
Според резултатите објавени од Централната изборна комисија на Албанија (KQZ), досега е завршено пребројувањето во 4.943 избирачки места од вкупно 5.225.
Според објавените резултати, партијата на премиерот Рама победи на изборите со 52,08 проценти од гласовите, а коалицијата предводена од главната опозициска Демократска партија (ПД), чиј лидер е поранешниот премиер Сали Бериша, има освоено 34,50 проценти.
Партијата Можност освои 2,93 проценти од гласовите, Социјалдемократската партија (ПСД) 3,47 проценти, Движењето „Заедно“ 1,38 проценти, Евроатлантската коалиција 1,34 проценти, а коалицијата „Иницијатива Албанија станува“, 3,49 проценти.
Според ова, ПС доби 82 места во Парламентот со 140 места, коалицијата предводена од ПД доби 51 место, ПСД три места, Партијата Можност две места, Движењето „Заедно“ и коалицијата „Иницијатива Албанија станува“ по едно место.
Исто така, според податоците на Централната изборна комисија, на изборите излегле 42,21 проценти од вкупно 3.713.761 регистриран гласач.
Инаку, овие парламентарни избори се единаесетти од падот на комунистичкиот режим во 1991 година.
Рама ја врши функцијата премиер веќе трет мандат.
АА