мај 13, 2025

Таравари објави дека крилото на АА оди во опозиција

Лидерот на крилото на Алијанса на Албанците, Арбен Таравари, вечерва објави дека највисоките раководни органи вечерва донеле одлука партијата да излезе од владината коалиција ВРЕДИ и ВМРО – ДПМНЕ.

„Се враќаме меѓу граѓаните, на локалните избори во октомври ќе имаме многу подобар резултат“, рече Таравари и додаде дека промените што ги ветивме не ги испорачавме за што граѓаните не критикуваат.

Затоа решивме да се вратиме кај граѓанинот. Да побараме од нив доверба во октомври за локалните избори. Денеска констатиравме дека доколку има недоверба меѓу членовите на Владата, тогаш треба да излеземе, рече Таравари.

Тврди дека одлуката да излезат од влада била едногласна.

Тој истакна дека незадоволството кај албанскиот електорат е големо посебно поради Балансерот и европскиот пат. Таравари рече дека Албанците се жалат дека третманот е полош од порано.

Таравари рече дека тие сега се во оставка и дека ќе заминат од Владата што ќе бидат избрани нови членови и заменици во Владата.

Со ДУИ засега, вели Таравари, нема никаков договор, но имало некаква комуникација. Таравари најави дека и покрај тоа што заминува во опозиција ќе се сретне со премиерот Христијан Мицкоски, но и со лидерот на опозициската СДСМ Венко Филипче.

На состанокот не присуствуваше вицепремиерот Арбен Фетаи, кој според Таравари бил на пат, а еден од пратениците Сулејмани имал семејни проблеми.





Telma

Read Previous

Во Скопје, Битола и Штип освен во училиштата, матура ќе се полага и на универзитетите

Read Next

Македонија2025 го отвори најголемиот Самит досега: Фокус на реформи, иновации и економски раст