
Премиерот Христијан Мицкоски денеска најави дека лично ќе се сретне и ќе разговара со семејствата на трагично починатите и на повредените од дискотеката Пулс во Кочани.
Како што вели, повредените пациенти кои се лекувале во Анкара при враќање имале непријатности на аеродромот во Истанбул.
„Конкретно ќе го кажам примерот со дечињата што се враќаа пред два-три дена од Анкара кои имаа непријатна ситуација на аеродромот во Истанбул. Лично разговарав со еден од родителите, со луѓето од најблиската околина и лично со претседателот Ердроган, се среди целата работа… така ќе биде и во периодот што следи. Оваа работа ќе трае со години, нема да биде работа што завршува. Се што можам ќе сторам и ќе разговарам лично и со родителите и на повредените, но и на тие кои трагично ги загубија своите најмили. Цела Македонија се уште боледува и ќе боледува и ова нема да биде болка што ќе престане, но мораме да се соочиме со сето тоа и да ги решаваме работите, не може тие сами да ги решат“, изјави Мицкоски.
TV21