
За денеска се очекува средба меѓу премиерот Христијан Мицкоски и министерот за здравство и лидер на Алијанса за Албанците, Арбен Таравари.
Средбата е со цел натамошно функционирање во Владата и евентуалната соработка на Таравари со ДУИ на локални избори.
За ова, како што напомена Мицкоски, неприфатливо е доколку Таравари се договара со ДУИ.
„Таква средба ќе има следната недела, мислам дека е утре. Треба да го погледнам распоредот, но мислам дека е утре. На средбата јасно сакам да слушнам став дали е точно дека има договор помеѓу партијата на Таравари и ДУИ дека во најмалку пет или шест општини, да не ги шпекулирам имињата, каде што тој ќе извади кандидати, ДУИ нема да има свои кандидати за градоначалници што прво значи себепонижување, како политичка партија, а второ дека тивко ќе го поддржува. Тоа за мене како претседател на Владата е неприфатливо“, изјави Мицкоски.
Тој и Таравари, дополни, како колеги во Владата имаат секојдневна комуникација.
TV21