мај 3, 2025

Од Туркије, Словенија и Бугарија се враќаат осуммина повредени во пожарот во Кочани

Министерството за здравство на Северна Македонија информираше дека во земјава се враќаат осум повредени кои беа на лекување во болниците во Туркије, Словенија и Бугарија. Од министерството соопштија дека во странство остануваат хоспитализирани уште 18 повредени во пожарот.

Од повредените што се враќаат во земјата, петмина се лекуваа во Туркије, двајца во Бугарија и еден во Словенија. Од пациентите што ќе се вратат во земјата, петмина ќе бидат сместени во ГОБ „8 Септември“, двајца на Клиника за пластична хирургија, а еден ќе биде сместен во Хируршка клиника „Св.Наум Охридски“.

Министерството за здравство информираше дека континуирано ја следи состојбата на повредените пациенти, со цел да им осигура најдобар можен третман и натамошна рехабилитација.

Во трагичниот пожар во дискотеката „Пулс“ во Кочани во кој животот загубија 59 лица, а над 170 беа повредени, бројот на настрадани се зголеми на 62 откако уште три лица им подлегнаа на повредите, кои беа на лекување во странство.




AA

Read Previous

Над 20 Македонски правници се пријавиле за судија во Европскиот суд за човекови права

Read Next

Тројца Хрвати продавале лажно злато на златари во Германија