
На конкурсот на македонското Министерство за надворешни работи за нов македонски судија во Европскиот суд за човекови права во Стразбур се пријавиле 21 лице. Пријави има од судии, обвинители, адвокати, а досега е познато дека пријави поднеле обвинителката Ленче Ристовска и судијката Оља Ристова.
Апликациите ќе ги разгледува Меѓуресорската комисија формирана со владина одлука која треба да изврши селекција на тројца кандидати, додека конечната одлука ќе ја донесе Советодавниот панел на експерти за избор на судии при Советот на Европа. Селекцијата и проверка на тоа кој од кандидатите ги исполнува условите ќе почне од понеделник.
Македонски судија во Судот за човекови права од 2017 година е Јован Илиевски. Деветгодишниот мандат на новиот судија ќе почне на почетокот на 2026 година.
Fokus