мај 1, 2025

Голем метеж на граничните премини, се чека еден час за влез и излез во државава

Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по суви коловози.

Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е зголемен. Поради зголемена фреквенција на возила на ГП Табановцеза влез и излез од државата времето на чекање е околу 30 минути до 1 час, на ГП Дојран за излез од државата околу 40 минути додека на ГП Богородица за излез од државата се чека околу 1 час. 

На останатите гранични премини од македонска страна нема подолги задржувања за влез и излез од државата.

TV21

Read Previous

Синдикатите во Србија го одбележуваат Први мај во Белград, со студентите на протест и пред Владата