
На плоштадот „Илирија“ во Тетово се одржа протест за поддршка на Газа под мотото „Северна Македонија на нозе за Газа, поздрав од Тетово до Газа, отпорот продолжува“.
Стотици граѓани, вклучувајќи и деца, учествуваа на протестот организиран од граѓанските организации во земјава.
На протестот беа изложени креветчиња, облека и играчки што ги симболизираат децата убиени во Газа, со цел да се привлече вниманието кон страдањето на Палестинците поради бруталните израелски напади во кои од октомври 2023 година животот го загубија 52.400 лица.
На средината од плоштадот беше поставена церада со слика на лубеница, симболот на палестинскиот отпор.
Протестантите го носеа традиционалниот палестински шал (кефије), а во рацете држеа транспаренти на турски, албански, македонски и англиски јазик на кои пишуваше „Итен прекин на огнот“, „Мир“, „Не за апартхејдот“ и „Санкции кон Израел“.
Учесниците на протестот го извикуваа и слоганот „Проклет да е Израел“.
AA