април 29, 2025

Веќе наскоро Македонците лесно и едноставно ќе може да патуваат во Дубаи

Македонските граѓани наскоро многу полесно и поедноставно ќе може да патуваат во Дубаи – најголемиот и најнаселен град во Обединетите Арапски Емирати кој стана вистинска туристичка атракција изминативе неколку години. 

Според најавите, наскоро нема да биде потребна виза за патување, а ќе има и директен лет од Скопје. 

Премиерот Христијан Мицкоски недодамна објави дека последната негова посета на Обединетите Арапски Емирати го донесе првиот конкретен резултат. На барање на Македонија, се укинуваат визите кои беа потребни за патување кон оваа земја.

„Наскоро со конкретната примена на одлуката за безвизното патување ќе се влијае на посилна економија, слободно патување, зајакнување на меѓусебното партнерство. Се бориме на секој можен начин да се помогне на нашите граѓани, и со секој ден да се носат промени за заедничката иднина. Нека е честито“, напиша Мицкоски. 

Авиолетот кон Дубаи се очекува да профункционира претстојната есен. 

Со последниот повик за субвенционирани летови беше најавено дека повторно ќе има лет на релацијата Скопје – Дубаи и требаше да стартува на од 30 март, но „Флајдубаи“ побара нејзино пролонгирање за наесен. 

Мицкоски минатата недела на седница за пратенички прашања во информација за посетата на Обединетите Арапски Емирати рече дека се преговара за линија од Абу Даби до Охрид. 

Инаку, Дубаи е посебен спој на неговото бедуинско наследство и ултра-модерна култура. Ги има највисоката зграда, најголемиот аквариум, најголемата фонтана или на кратко 333 светски рекорди! 

Skopjeinfo

Read Previous

Сиљановска-Давкова: Потребна е реформа на Уставниот суд

Read Next

Конститутивната седница на косовското Собрание прекината по осми пат