април 28, 2025

Санкционирани 1570 лица за викендот, 758 казни за брзо возење

Министерството за внатрешни работи информираше дека во текот на изминатиов викенд полициските службеници од сите сектори за внатрешни работи, казни 1570 лица за сторени сообраќајни прекршоци повеќето по основ на Законот за безбедност на сообраќајот на патиштата.

„Притоа, заради непрописно паркирање издадени биле 216 платни налози, за возење со брзина поголема од дозволената 758 санкции, а пак по основ на непоседување возачка дозвола 141 лице било отстрането од сообраќајот.

Исто така, евидентирани се 62 прекршоци за неносење сигурносен појас, изречени се 31 санкција за возачите на мотоцикл за управување без заштитна кацига, 27 мерки се изречени за користење на мобилен телефон при возење, а осум санкции за возачи кои минале на црвено светло, додека пак 61 возач е отстранет од сообраќај заради недозволено количество алкохол во крвта.

По основ пак на Законот за возила во посочениот период од сообраќај се исклучени 39 возила од кои 11 поради техничка неисправност, а 28 заради тоа што биле нерегистрирани“, се вели во соопштението на МВР.

Од министерството велат дека сообраќајните контроли продолжуваат и во наредните денови и апелираат до граѓаните да се почитуваат сообраќајните правила и прописи.






Skopjeinfo

Read Previous

ФФМ истакна соопштение со реакција упатено кон ФК Гостивар

Read Next

Казни до 5.000 евра за продажба и купување е-цигари со арома во Словенија