април 28, 2025

ФФМ истакна соопштение со реакција упатено кон ФК Гостивар

Фудбалската федерација на Македонија, соодветно на моментот, во денови на жалост, се воздржува од активности кои не се во склад со почитта што ја искажуваме во овие тешки моменти. И по тој повод упати интегрално соопштение до јавноста за ФК Гостивар кое ви го пренесуваме во целост и гласи:

– Во тој контекст, сакаме да нагласиме дека ФФМ нема да се занимава со одредени интереси на клубови, ниту ќе разменува несоодветни дописи во овој период.  Веруваме дека сите фудбалски клубови имаат разбирање и ќе ги почитуваат овие денови соодветно.

Во таа насока, апелираме до ФК Гостивар да ги почитува овие моменти и своите интереси да ги брани и докажува на зелениот терен, наместо преку дописи и притисоци во јавноста. Посебно, што немаат никаква причина за тоа.  Во вакви моменти, фудбалот и спортот воопшто, треба да обединува, а не да се користи за дневни интереси, особено во денови на жалост. 

Веруваме дека заедно ќе покажеме почит и достоинство, се вели во соопштението од ФФМ.

Porta

Read Previous

Таравари ги посети повредените од пожарот во Кочани во болницата „Чам ве Сакура“ во Истанбул