април 19, 2025

Ѓуро Мацут ја презеде функцијата премиер на Србија

Ѓуро Мацут денес официјално ја презеде функцијата претседател на Владата на Србија од претходниот премиер Милош Вучевиќ.

Ѓуро Мацут денес официјално ја презеде функцијата претседател на Владата на Србија од претходниот премиер Милош Вучевиќ, јавува Анадолу.

Примопредавањето се случи во зградата на српската Влада во Белград еден ден откако Народното собрание на Србија гласаше за избор на новата Влада.

Подоцна во текот на денот новата српска Влада ќе ја одржи првата седница во новиот состав.

На почетокот на неделата Мацут пред Собранието ги претстави својата програма и членовите на кабинетот.

Српското народно собрание вчера го потврди новиот состав на Владата со вкупно 31 член. Премиерот Мацут и членовите на неговиот кабинет положија заклетва пред пратениците во Собранието, во присуство на српскиот претседател Александар Вучиќ.

AA

Read Previous

Почина уште еден пациент повреден од пожарот во Кочани

Read Next

Мицкоски од ОАЕ: Ги презентиравме можностите за инвестирање во Македонија