април 19, 2025

Почина уште еден пациент повреден од пожарот во Кочани

Денеска претпладне подлегна на повредите Стојанче Стефанов од Кочани кој се лекуваше во Белград по пожарот во дискотеката „Пулс“, потврди министерот за здравство Арбен Таравари.

Пациентот е роден 2001 година.

Станува збор за пациент, кој од првиот ден, согласно извршената првична тријажа од медицинските тимови е веднаш упатен на лекување во Воено Медицинската Академија во Белград и кој беше интубиран и во критична состојба во изминатиот месец.

Станува збор за пациент со 27 отсто зафатеност со изгореници и сериозни повреди од вдишување на чад. 

Во ВМА е опериран на 4 април и поставен на ЕКМО апарат, преку кој се оксигенира крвта преку машина, заради вдишаниот чад. Но, заради сериозноста на повредите, тој поголем дел од хоспитализацијата бил нестабилен и во тешка општа состојба.

Министерството за здравство изразува најдлабоко сочувство до фамилијата и до сите засегнати од трагедијата во Кочани.

TV21

Read Previous

Жељазков и Марта Кос: Без Западен Балкан не може да се заврши европскиот проект

Read Next

Ѓуро Мацут ја презеде функцијата премиер на Србија