април 16, 2025

Тошковски: За трагедијата во Кочани се постапува по над 50 осомничени

Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски денеска кажа дека за трагедијата во Кочани моментално се постапува по над 50 осомничени. Тој посочи дека истрагата не е заврпена, се уште трае, а обвинителите покажаа дека можело да се работи и поинаку во Македонија.

Тошковски е дециден дека против секој еден за кој има докази е поднесена пријава од страна на МВР, како и дека ќе биде соодветно процесуиран секој за кој ќе се најде доказ дека е причинско-последично поврзан со предметниот кривично-правен настан од аспект на исполнување елементи на конкретно кривично дело. 

Според него, и МВР не е поштедено од истрагата која го опфаќа периодот од 2012 година до денес.

„Моментно сме во фаза на истрага, истрагата ја води јавниот обвинител. Вчера имавме детално информирање во рамки на факти и околности кои можеа да бидат споделени со јавноста. Истрагата не е завршена. Ние не можеме Обвинителството и МВР да ги претвориме во „преки суд“ зашто некои политички недобронамерници сакаат на гневот на македонскиот народ кој самите го предизвикале уште толку повеќе да го искористат во насока на крадење, манипулирање и стекнување со политички поени. Тоа нема никогаш да го дозволам како министер. Јас работам во интерес на граѓаните и до сега од сработеното на јавните обвинители гледам посветеност, гледам како 11 обвинители се фокусирани на целосно расчистување на овој случај, заедно со истражителските тимови на МВР, нешто што во минатото било незамислива именка“, истакна Тошковски, одговорајќи на новинарски прашања по одбележувањето на Денот на Царината. 

Тој подвлече дека никој нема да биде толериран.

„Не само во минатото, туку и сега ќе се постапи. Гледате, првпат во Македонија има факти кои за разлика од претходно говорат сами по себе дека ова МВР поинаку работи од претходно.  Не може да се компарираме дури ни со вакви случаи во далеку поразвиени земји од аспект на тоа колку далеку е отидена истрагата. Им честитам на обвинителите кои покажаа дека навистина можело да се работи и поинаку во Македонија. Истрагата се води од Јавното обвинителство, МВР ги поднесе кривичните пријави кои до моментите на преземање дејствија сметаше дека треба да бидат поднесени. Против секој еден за кој има докази е пооднесена пријава од страна на МВР“, рече Тошковски.

Тој оцени дека СДСМ, ДУИ и Левица со обвинувањата кои ги шират се обидуваат да ја манипулираат јавноста.




Skopjeinfo

Read Previous

Владата го собира вишокот пари од институциите – во март и април огромен скок на приходите во буџетот

Read Next

Вкупно 57 од 193 пациенти се лекуваат во болниците низ Скопје и странство, двајца во критична состојба